Кина бара од Трамп да вложи вето на законот за Хонгконг

Фото: ЕПА

Кина побара од американскиот претседател Доналд Трамп да вложи вето на законот изгаласан од сенатот на САД со кој се подржуваат човековите права во Хонгконг.

Комунистичката власт во Пекинг се закани дека во спротивно ќе биде принудена да воведе контрамерки доколку овој закон биде усвоен.

Кинеското министерство за надворешни работи оцени дека законот за човекови права и демократија во Хонгконг ги подрива интересите на Кина и интересите  на САД во таа полуавтономна територија.

Со законот е предвидено САД секоја година да го потврдуваат високиот степен на автономност на Хонгконг како би се оправдал посебниот трговски статус на оваа кинеска територија, како и воведување на санкции на кинеските и политичарите од Хонгконг доколку ја укинат слободата на жителите во оваа автономија.

Претходно Белата куќа најави дека претседателот Трамп ќе го потпише овој закон.

Хонгконг беше поранешна биртанска колонија, но од 1997 гдина е вратена во границите на Народна република Кина. Оттогаш Хонгконг ужива посебен политички правен и економски статус од останатиот дел на Кина, по моделот една држава два политчки системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот