Ким повторно во јавноста по 22 дена: Одржа состанок со воените лидери, ја подига борбената готовност

Северна Кореја планира да ги зголеми своите нуклеарни капацитети, јавуваат државните медиуми во земјата.

Ким Џонг Ун, лидерот на оваа изолирана земја со нуклеарно вооружување, претседаваше со состанокот на воениот одбор на Работничката партија, на која се изнесени „нови политики за натамошно зголемување на средствата за спречување нуклеарна војна“, според Централната корејска новинска агенција (КЦНА) на Пјонгјанг.

Разговарано е и за политиките за ставање на стратешките вооружени сили во состојба на „висока готовност“, јави КЦНА, но не е јасно што вклучуваат тие политики.

Северна Кореја е под меѓународни санкции воведени како одговор на нејзината програма за производство на нуклеарно оружје.

Преговорите за нуклеарно оружје меѓу Северна Кореја и Соединетите Држави се стопирани од средбата меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во февруари 2019 година во Виетнам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот