Ким Џонг-ун бара посилна воена морнарица, зборува за закана од нуклеарна војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зајакнување на поморските сили на неговата земја, обвинувајќи ги САД дека ги претвораат водите околу Корејскиот полуостров во „најнестабилни води, со закана од нуклеарна војна“, пренесе државната агенција КЦНА.

Во говор на Денот на морнарицата, Ким кажа дека „нечесните лидери“ на САД, Јапонија и Јужна Кореја најавиле заеднички воени вежби, објави КЦНА, очигледно мислејќи на самитот на 18 август во Кемп Дејвид.

Лидерите на САД, Јужна Кореја и Јапонија на состанокот се согласија да ја продлабочат воената и економската соработка за да покажат единство пред растечката моќ на Кина и нуклеарните закани на Северна Кореја.

-Благодарение на невнимателните акции на САД и другите непријателски сили, водите на Корејскиот полуостров се сведени на место на најголемата концентрација на оружје во светот, на најнестабилни води, во кои се заканува нуклеарна војна, рече Ким во говорот за Денот на морнарицата.

Јужна Кореја и САД минатата недела почнаа летни воени вежби со цел зајакнување на нивниот заеднички одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Пјонгјанг овие вежби ги нарече „проба за војна“.

Ким на граѓаните им порача дека на Северна Кореја и е потребна морнарица која ќе биде подготвена за војна, „постојано подготвена за борба“, па повика на „радикална“ модернизација на нејзиното оружје и опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот