Ким Џонг-ун му честиташе на Си Џинпинг: Пекинг беше успешен во спречување на коронавирусот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун испрати „вербална порака“ за кинескиот претседател Си Џинпинг, фалејќи го успехот на Пекинг во спречување на ширењето на коронавирусот.

Во пораката, Ким му честитал на Си и рекол дека исклучително цени што ја користи шансата за победа во војната против епидемијата без преседан, наведува јужнокорејската агенција Јонхап.

„Ким Џонг-ун му посакал на Си Џинпинг добро здравје, изразувајќи уверение дека кинеската партија и луѓето ги зацементирале досегашните успеси и непрестано ги шират, притоа остварувајќи конечна победа под мудрото водство на Си Џинпинг“, се додава во соопштението.

Ова е втор пат оваа година севернкорејскиот лидер да му испрати на кинескиот претседател порака во врска со коронавирусот. На крајот на јануари Ким ја пружи својата поддршка и помош на Пекинг во борба со вирусот кој брзо се прошири во соседните земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот