Кик бокс клубот „Шампион“ најдобар на меѓународниот турнир „Србија Опен“

Кик Бокс клубот „Шампион“ се закити со шест златни медали во Краљево/Фото: facebook/Urko Dejan Mitrovski

Кик бокс клубот „Шампион“ е најуспешен од сите македонски клубови кои учествуваа на меѓународниот турнир „Србија Опен“ од 18 до 20 март 2022 година.

Воедно Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија е прогласена за најдобар тим во Краљево, Србија.

Нашата кик бокс репрезентација освои вкупно 56 медали на ова интернационално отворено првенсво, со 20 златни, 22 сребрени и 14 бронзени медали.

КБК „Шампион“ се закити со шест златни, четири сребрени и два бронзени медали.

Два златни медали освои Викторија Варадинова во категориите, а по едно злато Туркер Исмаил, Јован Паунковски, Нелсон Узеир и Серџо Узеир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот