Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба ја следи политиката на Роналд Реган

фото: CNN

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак им порача на американските републиканци и нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп дека мора да имаат на ум оти биле партија на некогашниот претседател на САД Роналд Реган и да ја поддржат Украина во моментите кога руските сили се подготвуваат за голема офанзива во мај или јуни.

Тој во интервју за Политико изјави дека не се грижи поради фактот дека Трамп би можел повторно да биде избран за претседател на САД и дека верува дека пакетот за помош за Украина од 60 милијарди долари на крајот ќе биде усвои во Претставничкиот дом под контрола на републиканците, каде со месеци го кочат лојалните конгресмени на Трамп.
„Не верувам дека републиканците можат да ги заборават двата мандати на својот претседател Роналд Реган и неговиот, како што рекол, „студеновоен поход против московското царство на злото“, изјави Јермак.
Јермак, кој пред интервјуто разговарал со советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливен, рекол дека не е сигурен кога новата помош на САД ќе биде одобрена, но нагласил дека тоа мора да биде наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот