Киелце прв финалист во ракометната Лига на шампиони

Киелце ќе игра во ново финале во ЛШ/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Ракометарите на Киелце ќе играат во утрешното финале во Лигата на шампионите откако денеска во првото полуфинале од завршниот турнир што се игра во „Ланксес“ арената во Келн, со 37:35 го совлада Веспрем.

Полскиот тим до победата дојде со одлична игра во второто полувреме во кое успеаја негативата од два гола од првиот дел да ја претворат во позитива од четири гола и во финишот ја задржаа предноста за триумф и пласман во финалето. Македонскиот репрезентативец не беше во тимот на Веспрем.

Натпреварот започна со израмнета игра се до 10-тата минута кога Веспрем дојде до плус два (7:5) по головите на Лауге и Мае. Во првото полувреме одлично бранеше голманот на Веспрем, Коралес, а тоа го искористија неговите соиграчи да поведат со 14:11, а во последната минута влегоа со предност од три гола (17:14). Но, по тајм-аутот на Душебаев, Турна погоди на пет секунди до крајот за  18:16.

Второто полувреме започна со фуриозна игра на Киелце кој направи серија од 7:2 за девет минути и поведе со 23:20.  Постот на Веспрем од шест минути без гол го прекина Маргуч, но неговите соиграчи направија уште две грешки за водство од 25:21 за Киелце.

Ракометарите на Веспрем не се предаваа, успеаја да се приближат на минус два (29:27) во 49 минута, по што следеше период во кој се играше гол за гол се до 54 минута поранешните вардарци, Душебајев и Карачиќ погодија за 34:30 и го трасираа патот на Киелце во финалето.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Морито со седум и Карачиќ со пет гола, додека кај Веспрем се истакнаа Штрлек со седум и Ненадиќ и Лауге со по шест гола. Ривал на Келце во големото финале ќе биде победникот од дуелот меѓу Барселона и Кил.аа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот