Ноа Аргамани / Фото твитер принтскрин

Киднапирањето на младата Ноа на фестивалот во Израел стана симбол на војната, а денес е нејзин роденден

Видеото од Ноа Аргамани како вреска и моли за својот живот додека милитантите на Хамас ја киднапираат од фестивалот во јужен Израел стана симбол на бруталниот напад на исламистичката терористичка организација врз Израел.

Младата девојка била на музичкиот фестивал „Супернова транс“ кога напаѓачите од Хамас упаднаа на него. Вооружените милитанти убија повеќе од 260 посетители на фестивалот, а други земаа како заложници.

На официјалниот Твитер профил на Државата Израел беше објавено дека Ноа Аргамани денеска полни 26 години и дека нејзините родители „замолуваат сите да и го честитаме роденденот со надеж дека можеби некако овие пораки ќе стигнат до неа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот