Кевин Спејси прогласен за невин: Актерот во солзи откако го ослободија од обвиненијата за сексуален напад

Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Поротата во лондонскиот суд денеска го прогласи актерот Кевин Спејси за невин, по обвиненијата за сексуално вознемирување, пишува „Дејли мејл“.

Актерот се расплака, откако беше прогласен за невин, за сексуален напад на четворица мажи, а тврдењата против него во текот на судењето ги нарече „лудост“ и „нож во грб“.

Спејси е ослободен од девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност.

Американскиот двоен оскаровец, кој денеска го слави својот 64-ти роденден, беше обвинет како „сексуален насилник“, затоа што наводно ги нападнал мажите, во периодот помеѓу 2001 и 2013 година.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во јануари, актерот се изјасни за невин по три точки од обвинението за непристоен напад, три точки за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице на сексуална активност без согласност.

Обвиненијата не само што ја уништија блескавата кариера во филмската индустрија, туку имаа и големи финансиски импликации, па на Спејси му беше кажано да плати оштета од 25,5 милиони фунти на продуцентите на „House of Cards“, откако беше отпуштен.

Започна судењето на Кевин Спејси: Конечно ќе му се суди за обвиненијата за сексуален напад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот