Ќерката на Навални прими награда во негово име: Требаше сега да го гледате него, а не мене
Ќерката на затворениот руски лидер на опозицијата Алексеј Навални, Дарија, во име на таткото ја презеде денеска наградата за човекови права на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, доделена поради „храброст за спротивставување на владата на Владимир Путин“.
Студентката на Стенфорд, Дарија Навалнаја (20) рече дека наградата, која на Алексеј му ја додели Женевскиот самит за човекови права, нејзиниот татко „има ја посветува на сите политички затвореници во Русија и Белорусија“, јави АП.
– Требаше сега да гледате во мојот татко наместо во мене, но тој е во руски затвор само поради своите говори, дејства и уверувања, и затоа што не сакаше да умре кога руската влада тоа го сакаше, рече младата Даша.
Таа рече дека таткото од затворот, каде е од јануари, и напишал писмо откако е избран за добитник на наградата.
– Ме замоли да ја посветам наградата на секој политички затвореник во Русија и Белорусија, рече Навалнаја.
Таа додаде дека нејзиниот татко покажал и смисла за хумор упатувајќи и порака.
– Прво и најважно, немој да го оплескаш својот прв јавен настап. Второ – немој да заборавиш да кажеш колку сум горд што добив вака голема награда, го прераскажа Дарија писмото од својот татко.