Ќерката на Мајкл Џексон ќе го глуми Исус во новиот филм кој крена многу прашина!

инстаграм

Преку 260 илјади луѓе потпишаа петиција за забрана на филмот во кој игра ќерката на Мајкл Џексон. Името на филмот е „Habit“, а во него Парис Џексон глуми – Исус!

инстаграм

Режисер на филмот е Џанел Ширклиф и е нејзино деби. Главната улога ја игра Бела Торн, а сценариото е напишано од страна на Суки Кајсер, која позади себа има работено на приказните во серијата „Van Helsing“. Една од улогите во овој филм ја игра и Андреја Пејиќ, која е првата трансексуална личност на страниците на „Vogue“.

instagram

Деталите на заплетот се уште не се потполно познати, но се знае дека Торн глуми „паметна девојка која обожава да се забавува, на која Исус ѝ е фетиш. Кога таа ќе биде вмешана во насилен инцидент поврзан со дрога, единствен излез го гледа во тоа да се маскира како калуѓерка..“

Заплетот на филмот згрозил огромен дел од американската јавност. Набргу се појавила и петиција, против студијата „Warner Bros“ и „Lionsgate“, а во кои се вели дека Џексон ќе го прикаже Исус како – лезбејка. Исто така, во обвинението се наведува дека филмот е фобија од христијанството, „срам“ и „антихристијанско ѓубре“, кое се жири овие денови, а прифатено е и поддржано од страна на јавноста.

инстаграм

Истовремено групата „Million mothers“ започна своја петиција која ја потпишале уште 70 илјади луѓе.

Филмот е во фаза на постпродукција, а засега нема информации околу датумот за премиерата.

Кое е вашето мислење?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот