КЕНГУР ИСТЕПАЛ ЖЕНА ВО АВСТРАЛИЈА: Речиси ќе останела без око, морала да глуми дека е мртва

Фото: ЕПА/Принтскрин

Австралијанката Дина поминала со 25 конци на лицето откако речиси останала без око, кога ја нападнал кенгур додека го шетала кучето.

Нападот се случил во градот Водонга, во државата Викторија, а како што таа раскажала, во моментот кога го пуштила кучето од ременот, тоа почнало да брка огромен кенгур.

„Се стрчав за да го смирам кучето, но не сфатив дека кенгурот беше на три метри позади мене“, рекла Дина. Животното ја нападнало и ја срушило на земја.

Кенгурот почнал да ја удира и да скока по нејзе. Таа одлучила да се прави мртва за да го измами, што на крајот и работело. Таа се здобила со бројни повреди по лицето, рацете и нозете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот