Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

Кејт Мидлтон предупредува: Премногу време поминато пред екраните создава „епидемија на одвоеност“ и го уништува семејниот живот

Принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, предупреди дека прекумерната употреба на паметни телефони и компјутери создава „епидемија на одвоеност“ што влијае на семејниот живот, објавија британските медиуми.

„Иако дигиталните уреди треба да нè поврзат, тие често го прават спротивното“, напиша принцезата во есеј што го напиша во соработка со професорот Роберт Волдингер од Медицинскиот факултет Харвард.

Таа додаде дека паметните телефони и другите уреди постојано нè одвлекуваат и го расипуваат времето што семејството го поминува заедно.

„Физички сме присутни, но ментално отсутни и не сме во можност целосно да се посветиме на комуникација со луѓето пред нас“, напиша принцезата.

Како што наведе, истражувањата ја покажуваат важноста на создавање срдечни и здрави односи меѓу семејствата и луѓето, но социјалниот тренд оди во спротивна насока, така што има сè повеќе осамени и изолирани поединци, а членовите на семејството не обрнуваат соодветно внимание едни на други.

Кејт предупреди дека овој проблем е особено акутен за денешните деца кои живеат во свет опседнат со дигиталната технологија.

Во есејот објавен на веб-страницата на Центарот за рано детство на Кралската фондација, таа наведува дека децата треба да бидат охрабрени да развиваат социјални и емоционални вештини што ќе им помогнат во текот на целиот живот.

Нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, неодамна изјави дека ниту едно од нивните три деца не поседува паметен телефон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот