Ќе има или не апокалиптичен земјотрес, еве што вели грчкиот сеизмолог

Визион Плус

Грчкиот сеизмолог Акис Целентис го демантираше денеска албанскиот премиер Илир Мета, околу предвидувањата за апокалиптичен земјотрес кој би го погодил Балканот.

Во изјава за „Визион Плус“, грчкиот професор вели дека албанскиот претседател Илир Мета погрешно ја разбрал неговата телевизиска изјава, во која истакнал дека во наредните денови може да има потреси во Атина по земјотресот, кои би можеле да достигнат и до 6 степени по Рихтер.

– Овие се лажни вести. Не знам како излегоа. Во медиумите никогаш не сум направил такво предвидување. Многу од моите научни изјави во врска со пост-сеизмичката секвенца во Атина биле фалсификувани. Многу ве молам, негирајте ги овие вести – рече тој.

Инаку, во писмо испратено до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за Одбрана Олта Џака, албанскиот претседател Илир Мета предупредува дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, јавува Топ Чанел.

Мета, во функција на претседател на Советот за национална безбедност, бара информации од релевантните институции за овој природен феномен, врз основа на изјавите на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

„Сеизмологот Целентис предупреди за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, кој може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од овој природен феномен“, се вели во писмото потпишано од Мета.

Атина беше погодена на 19 јули од земјотрес, со јачина од 5,1 степени според Рихтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот