Апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, предупредува Мета

Во писмо испратено до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за Одбрана Олта Џака, албанскиот претседател Илир Мета предупредува дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, јавува Топ Чанел.

Мета, во функција на претседател на Советот за национална безбедност, бара информации од релевантните институции за овој природен феномен, врз основа на изјавите на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

„Сеизмологот Целентис предупреди за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, кој може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од овој природен феномен“, се вели во писмото потпишано од Мета.

Поставувјќи неколку прашања за ова работа, Мета бара информации за предупредувањето и можните мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот