Казнети 233 возачи во Скопје, 36 за брзо возење

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје се санкционирани 233 возачи кои не ги почитувале пропишаните правила.

Од изречените казни, најмногу се за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот