Казахстан по чудо во Љубљана, за Италија ќе биде доволен и бод во Леверкузен

фото: EPA-EFE/Bo Amstrup

Денеска ќе дознаеме уште неколку учесници на Европското првенство 2024, меѓу нив може да биде и фудбалската репрезентација на Италија од квалификациската група „Ц“ во која настапува и Македонија.

Поради воената состојба во својата земја, Украина ги игра домашните натпревари ги игра на неутрален терен, овојпат од 20.45 часот во германскиот Леверкузен ќе игра против актуелниот европски шампион Италија.

Во групата Англија како првопласирана со 19 бодови, веќе е на ЕП, а Италија и Украина кои имаат по 13 се борат за втората позиција.

Поради победата во првиот меѓусебен дуел на Италијанците им одговара и бод, а Украинците мора да одат на триумф ако сакаат по третпат во нивната историја да бидат дел од континенталните шампионати.

Молдавија има само две победи, но денеска може да се пласира на Европското првенство

Во квалификациската група „Х“ исто така имаме борба за второто место, меѓу репрезентациите на Словенија и Казахстан.

Данска која е на врвот со 22 бодови веќе е патник на ЕП, потоа Словенците се моментно второпласирани со 19 бодови, еден повеќе од Казахстан.

Словенија може и со реми да обезбеди пласман на ЕП, што би било нивно второ во историјата, а Казахстан кој мора да атакува на победа брка дебитантско учество на европските шампионати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот