Катар и Јордан ќе играат во финалето на Азискиот куп

фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Актуелниот шампион, фудбалската репрезентација на Катар обезбеди пласман во финалето на Азискиот куп откако во полуфиналната фаза во Доха го совлада Иран со 3:2.

Во првото полувреме Иранците во четвртата минута поведоа со голот на Азмун, а израмни Абдулсалам во 17 минута. Пред паузата во 43 минута Катар го има првото водство со погодокот на Афиф.

На стартот од вториот дел за нов егал на мечот се погрижи Џаханбахш во 51 минута од средбата.

Конечниот епилог го постави Алмоез во 82 минута по асистенцијата на Хатем, а во самиот финиш од натпреварот во редовите на Иран црвен картон доби Халилзадех во 93 минута.

Противник на катарските репрезентативци во финалето ќе биде селекцијата на Јордан на 10 февруари од 17.00 часот на стадионот „Лусаил“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот