Израел напади EPA/MOHAMMED SABER

Катар бара меѓународни гаранции дека Израел нема да ја продолжи војната во Газа

Катар бара „силни, писмени меѓународни гаранции“ дека Израел нема да ја продолжи војната во Газа по постигнувањето договор за прекин на огнот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари.

Ал-Ансари изјави за саудискиот весник Ал-Арабија дека Катар сака да обезбеди дека тековните преговори во Египет, кои вклучуваат размена на заложници и палестински затвореници, како и привремено прекинување на борбите, ќе резултираат со повлекување на израелските сили од Газа, зголемена хуманитарна помош и траен крај на конфликтот, објави утрово „Тајмс оф Израел“.

Според него, планот предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп експлицитно го исклучува раселувањето на жителите на Газа, како и понатамошните разговори за анексијата или окупацијата на палестинските територии.

Ал-Ансари додаде дека преговарачките страни веќе се согласиле за околу 20 основни принципи, но дека, како што рече, „ѓаволот е во деталите“.
Се очекува катарскиот премиер Мохамед Абдулрахман ал-Тани да пристигне во Египет подоцна денес за да се придружи на индиректните преговори меѓу Израел и Хамас, кои се во тек во Каиро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот