Касами за Коридорот 8: Не присуствуваме на промоции на свадби без зет и невеста

bilal kasami
Билал Касами/ Фото - Општина Тетово

Актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридорот 8, со оглед на фактот дека досега за тетовскиот регион, власта најавила многу проекти, но не ги имплементирала.

Ова е одговорот на градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, во врска со вчерашната помпезна најава на почетокот на изградбата на Коридорот 8, чија крајна цел според него била корупцијата.

На новинарско прашање, зошто како градоначачлник на Тетово во чија општина беше организирана манифестацијата не присуствувал, тој со одговор.

„Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и невестата, затоа што знаеме дека оваа Влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали и кога ќе почне. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот Министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Билал Касами.

Тој се пожали дека со централната власт нема соработка во повеќе области.

„За жал немаме никаква соработка во делот на образованието, како и со полицијата, гледате хаос е во градот. Ние како општина кога дојдовме обезбедивме две нови пајак-возила, за да може да имаме уреден сообраќај, но за жал полицијата не може да ни одговари на нашите барања, дали не сака, дали политички резултатот е тоа да ние во оваа ситуација не можеме да интервенираме без нивна помош? Исто така, во делот на другите надлежности како што е урбанизмот, како што е културата и другите надлежности кои ги има општината, а со кои сме поврзани со Владата немаме соодветна соработка, рече Касами.

Тој додаде дека како Движење Беса прифаќаат уставни измени кои го рефлектираат мултиетничкото општество.

„Ние сме отворени да разговараме за секаков модел кој ја рефлектира реалноста во Северна Македонија. Македонија е мултиетничко општество и државата треба да биде регулирана за да ги рефлектира правата и обврските на граѓаните согласно нивните различности. Така да, секоја дискусија поширока за уставна регулација на државата за нас е добредојдена. Сме заинтересирани да бидеме дел, но не сме заинтересирани да разговараме за било каков модел кој не рефлектира на мултиетничкиот карактер на општеството во Северна Македонија, дополни Билал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот