КАРЛЕУША ЌЕ БИДЕ ПРИВЕДЕНА? Адвокатите на Врањеш одлучни за следниот чекор - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

КАРЛЕУША ЌЕ БИДЕ ПРИВЕДЕНА? Адвокатите на Врањеш одлучни за следниот чекор

Застапникот на пејачката тврди дека не се работи за избегнување на поканите, ниту пак таа одбива да се појави, туку едноставно, не контактира ниту со него.

Адвокатите на Огњен Врањеш по завршувањето на денешното рочиште истакнале дека ќе бараат од судот Јелена Карлеуша да биде приведена и донесена со полиција.

Таа повторно не се појави на судењето во предметот кој се води против нејзе. За претходниот пат судот имал разбирање бидејќи уште не биле поминати 40 денови од смртта на нејзината мајка.

Застапникот на пејачката тврди дека не се работи за избегнување на поканите, ниту пак таа одбива да се појави, туку едноставно, не контактира ниту со него.

Адвокатите на Врањеш сметаат дека тоа не смее да биде оправдување и дека во овој случај се работи за целосно игнорирање на судот.

Тој ја тужи Карлеуша за закана за убиство објавена на социјалните мрежи и бара отштета во висина од два милиона евра.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close