Instagram
Instagram

Карлеуша има нови усни и тоа „руски“! Погледнете ги првите фотографии по корекцијата…

Врз основа на споделените фотографии на Инстаграм, Јелена е презадоволна од интервенцијата која ја направила…

Одамна е познато дека српската поп пејачка Јелена Карлеуша инвестира многу средства во својот изглед, а веќе има и свој препознатлив стил.

Навикати сме од почетокот на нејзината Кариера да ја гледаме во последните модни изданија од светски познатите дизајнери, а исто така и секој дел од нејзиното тело од глава до пети е негуван.

Овој пат, Јелена ги освежи своите усни, давајќи им таканаречен „руски волумен“, кој во моментов е најпопуларниот во светот.

Фото: Инстаграм

„Што да кажам? Светска ѕвезда покрај мене… Покрај цела Европа и пошироко, ме избра токму мене. Благодарам за довербата“, напиша сопственичката на еден салон во Нови Сад во кој била изведена интервенцијата.

Фото: Инстаграм

Интересен е и фактот дека Јелена на фотографиите е без воопшто шминка, но и тоа дека изгледа презадоволно од завршената работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот