Карим Бензема се поврзува со можен трансфер во Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/STR

Карим Бензема тренира одвоено од тимот на Ал Итихад, доста се шпекулира овие денови за евентуална можна разделба со фудбалскиот клуб од Саудиска Арабија.

Раководството на Ал Итихад и државниот врв на Саудиска Арабија треба да ја решат ситуацијата и статусот на Французинот. Бензема е во немилост на Ал Итихад и тренерот Марсел Гаљардо, откако доброволно го одложи почетокот на подготовките за 17 дена.

Затоа тренира одвоено од сите, има понуди од Европа, но неговото заминување тешко може наскоро да се реализира. Новинарот Фабрицио Романо денеска повторно проговори за статусот на францускиот напаѓач наведувајќи ја платата како една од главните пречки.

– Ниту еден европски клуб не може да покрие ниту мал дел од огромната плата на Бензема во Ал Итихад. За да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа, тој мора да се откаже од поголемиот дел од парите што ги заработува – објави Романо.

Се шпекулира дека раководството на Манчестер јунајтед го контактирало таборот на Бензема за потенцијален трансфер, но во игра се и други клубови, меѓу кои и Арсенал.

Претходно се споменуваше и Челси, познато е дека Лион го сака назад во својот тим, но проблемот е токму платата. Се очекува Французинот да биде најгласното име до крајот на зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот