Фото: Pexels/Alena Darmel

Кардиолозите: Овие неочекуваните промени на кожата укажуваат на срцеви болести

На прв поглед, здравјето на кожата и на срцето можеби не изгледаат како да имаат многу заедничко. Сепак, лекарите предупредуваат дека кожата, како најголем орган, може да ја одрази состојбата на целиот организам.

„Вашата кожа е најголемиот орган во телото и е одраз на вашето системско здравје“, објаснува кардиологот д-р Карупија Аруначалам за „Парада“ (Parades).

Затоа одредени промени на кожата можат да бидат предупредување за ризик од срцеви болести.

Една од тие промени се таканаречените ксантоми – жолтеникави или портокалови испакнатини на кожата. Тие можат да бидат знак за висок холестерол, а познато е дека зголемените нивоа на холестерол значително го зголемуваат ризикот од болести на срцето.

„Високиот холестерол или високите нивоа на ЛДЛ (лош холестерол) и триглицериди директно го зголемуваат ризикот од срцеви болести, бидејќи предизвикуваат наталожување на масните наслаги на ѕидовите на артериите, што се нарекува атеросклероза“, објаснува дерматологот д-р Анџела Мур.

Таквото стеснување и стврднување на артериите го намалува протокот на крвта и го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Ксантомите можат да се појават на различни делови од телото, а најчестата форма е ксантелазма – наслаги околу очните капаци кои можат да бидат безопасни или знак на зголемен холестерол.

Постојат и еруптивни, туберозни и тетивни ксантоми,  таие можат да се појават на лактите, дланките, зглобовите, тетивите, рацете или стапалата.

„Ксантомите се поврзани со семејна хиперлипидемија, а како резултат на тоа може да се развијат коронарна болест на срцето, атеросклерска болест, мозочен удар или хронични чиреви на нозете“, предупредува д-р Аруначалам.

Лекарите нагласуваат дека запирањаето и лекувањето на зголемениот холестерол е клучно, бидејќи може да спречи појава на нови ксантоми и да ги намали постоечките.

„Навремената дијагноза помага да се спречат компликации поврзани со високиот холестерол“, додава д-р Аруначалам.

Доктор Мур истакнува дека промените во начинот на животот, како што се 150 минути умерено вежбање неделно и консумирање храна што го намалува холестеролотод овес и лосос до темно чоколадо, маслиново масло и зелен чај – можат да имаат значителен ефект.

Освен ксантомите, други промени на кожата, како што се синкава боја на прстите или црвени точки на дланките, исто така можат да укажуваат на проблеми со срцето.

„Ако не сте сигурни во врска со упорната промена на кожата, важно е да се обратите кај лекар или дерматолог“, заклучува д-р Мур.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот