Кандидатот за шеф на ЦИА, Вилијам Брнс: Кина претставува најголема закана за САД

Фото: EPA-EFE/Tom Williams / POOL

Кина претставува најголема закана за САД, изјави денеска кандидатот на американскиот претседател Џо Бајден за директор на ЦИА, Вилијам Брнс, ветувајќи дека американската разузнавачка агенција ќе биде независна од политиката.

– На сè покомплексната и поконкурентна политичка сцена, предаторскиот став на кинеската Влада претставува наш најголем геополитички предизвик, рече поранешниот дипломат за време на сослушувањето пред комитетот за разузнавање на Сенатот, кој треба да го потврди неговото назначување.

– Како што истакна претседателот Бајден, предноста пред Кина е неопходна за нашата национална безбедност во наредните децении, рече 64-годишниот Брнс и додаде дека „тоа бара долгорочна стратегија, јасна и со поддршка на двете страни, со поддршка на домашните реформи и со сигурни разузнавачки информации”.

Поранешниот втор човек на американската дипломатија предупреди дека „кинескиот режим системски ги зајакнува своите капацитети за кражба на интелектуална сопственост, репресија на својот народ, малтретирање на соседите, проширување на својата моќ во светот и зајакнување на своето влијание во американското општество”.

ЦИА во последните години беше мета на кинеските разузнавачи, кои врбуваа повеќе агенти и дипломати. Пред десет години, Пекинг успеа да ја прекине мрежата на доушници на американската разузнавачка агенција во Кина.

Брнс истакна дека битката за технолошка надмоќ во областа на разузнавањето, вклучително и вештачката интелигенција, ќе биде клучен елемент на неговата мисија.

Вилијамс Брнс ќе ја замени Џина Хаспел, првата жена на чело на ЦИА, чија кариера е нарушена од нејзината спорна улога во програмите за тортура по нападите на 11 септември во 2001 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот