Канада купува американски борбени авиони „Ф-35“ за 15 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Канада денеска го финализира договорот со американската мегакорпорација „Локид Мартин” и со властите во Вашингтон за купување на 88 модерни борбени авиони „Ф-35“, јавија светските медиуми, повикувајќи се на владини претставници.

Првите четири авиони се очекува да бидат испорачани во 2026 година, а целосниот оперативен капацитет на флотата се очекува да биде постигнат помеѓу 2032-2034 година.

Владата буџетираше околу 19 милијарди канадски долари (15 милијарди американски долари) за борбените авиони, што е најголемата инвестиција во Кралските канадски воздухопловни сили во повеќе од 30 години.

Секој авион чини околу 85 милиони долари, а целосниот оперативен циклус на програмата се очекува да чини 70 милијарди канадски долари (52 милијарди американски долари).

Во однос на одбраната, Канада има директна соработка со САД, што вклучува заедничка употреба на борбени авиони за заштита на северноамериканскиот воздушен простор.

Најавата за купување на ловците беше објавена во позадина на претстојниот самит на северноамериканските лидери во Мексико Сити. На него ќе учествуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, американскиот претседател Џо Бајден и мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот