Камила e болна, ги откажа сите настани

Фото: Принтскрин - Инстаграм

По симптомите на настинка, нејзиното височество кралицата-консорт беше позитивна на тестот за коронавирус, се вели во соопштение на Бакингемската палата.

принц чарлс, камила
Кралицата-консорт Камила и Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP

„Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани“, се наведува во соопштението, пренесува „Sky News“.

Кралот Чарлс и кралицата-консорт Камила/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон за да ја прослави нејзината стогодишнина, а подоцна истиот ден и библиотеката во Телфорд. Во меѓувреме се разболела, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.

Фото: ЕПА

Во тек се подготовките на церемонијата на крунисувањето на Чарлс Трети.

Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан во сабота на 6 мај во Вестминстерската палата, со служба предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

принц чарлс
Кралот Чарлс и кралицата-консорт Камила / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

На истиот ден ќе биде крунисана и кралицата сопруга Камила. Новокрунисаниот монарх потоа ќе се појави на балконот на Бакингемската палата.

Кралот Чарлс го слави својот прв роденден како монарх

Прв како монарх: Кралот Чарлс го слави својот 74. роденден

Кралот Чарлс ја крши вековната традиција, ќе оди без чорапите и кралските панталони на церемонијата на крунисување

Кралот Чарлс Трети го тужи Твитер поради неплатена кирија во Лондон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот