Камерно-солистички концерт „Надеж“ на 45. ДММ

Крајот на првата, пролетна сезона на 45-тите „Денови на македонска музика“ (ДММ) ќе биде означен со камерно-солистичкиот концерт насловен „Надеж“, што ќе се одржи на 30 април во Музеј на македонската борба, со почеток во 20 часот.

Фестивалскиот подиум, традиционално и оваа година ќе им биде отстапен на младите музички надежи, студенти и дипломанти на музичките универзитети во државата.

Со ваквите иницијативи кои имаат за цел континуирана презентација како на новото музичко творештво, така и на новото исполнителство, фестивалот овозможува да се создаде компактна, генерална слика за патеката на движење на современата музика и исполнителство на нашите простори.

На програмата на концертот „Надеж“ ќе бидат дела од авторите Тодор Бојаџиев, Илија Пејовски, Маријана Јаневска, Стојан Стојков, Филип Иванов и Дамјан Темков кои ќе ги изведат младите уметници Ана Спасовска, Ивона Базгалоска, Памела Велкова, Маја Михајловска и Леона Кондратенко. Пијано придружба е Елена Атанасовска – Ивановска.

Вториот дел од програмата на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ ќе се одржи во септември, кога ќе бидат врачени и годишните награди на СОКОМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот