Камала Харис поднесе оставка од своето пратеничко место во Сенатот

Камала Харис / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Избраниот потпретседател на САД, Камала Харис, поднесе оставка од своето пратеничко место во Сенатот, два дена пред нејзината и на избраниот претседател, Џо Бајден, инаугурација за извршување на двете врвни политички функции.

Советници на демократската сенаторка од Калифорнија претходно потврдија таа денеска ќе поднесе оставка, и изјавија дека гувернерот Гавин Њусам е запознат со ова, кој веќе одреди нејзина замена. Сенатското место на Харис следните две години, до завршувањето на мандатот на овој Сенат, ќе го презеде Алекс Падила, сегашен државен секретар на Калифорнија.

Падила ќе биде првиот јужаноамерикански сенатор од Калифорнија, сојузна држава каде околу 40 отсто од популацијата е со јужноамериканско потекло.

Одлуката за ова Њусам ја донесе уште во декември, после интезивно лобирање за пополнување на сенатското место.

Според Харис, опсадата на Капитолот беше „сеизмички момент” во американската политика.

-Тоа беше пресвртен момент. Знаете, понекогаш мислиме дека таквите моменти носат нешто позитивно. Не. Во некоја смисла тоа беше подмирување на сметките. Тогаш беше изложена ранливоста на нашата демократија, изјави таа синоќа во заедничко телевизиско интервју со својот сопруг, адвокатот Даглас Емхоф.

Харис е првиот избран црномурест потпретседател во историјата на САД.

Со победата на двајца демократски кандидати за сенатори на повторните конгресни избори во Џорџија на 5 јануари, и со доаѓањето на претставникот од Калфорнија, од 20 јануари во Сенатот, составен од 100 членови, мнозинство ќе бидат демократите (со 51 глас), додека републиканците го губат гласот во овој важен столб на законодавната власт на САД.

Со изборите во ноември 2020 година, сите три извршни столба на власта во САД, Белата куќа, Претставничкиот дом и Сенатот, преминуват во рацете на демократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот