Калин доминантно ја освои титулата на турнирот во Грција

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Хераклион, Грција, откако денес во финалето беше подобар од Себастијан Гима со 2:0 во сетови.

Најдоминантниот меч на овој турнир Калин го одигра токму во финалето во кое од првиот момент до последниот ја имаше контролата над играта. Противникот од Романија Калин го доби со двапати по 6:1. Во првиот сет Гима освои гем при резултат 0:4, а во вториот изедначи на 1:1 и тоа беше се од него во борбата за титулата.

Себастијан Гима беше прв носител на турнирот, а Македонец трет сепак во финалето нашиот тенисер прикажа далеку подобро игра. Претходно Калин ги елиминираше Гуерери од Италија, Јеничек и Никод од Чешка и Германецот Ванкан.

Наградниот фонд на овој ИТФ турнир изнесува 15.000 долари. Претходно овој месец исто така настапи на уште еден турнир во Хераклион, но беше елиминиран уште на стартот од Финецот Лофман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот