„Како што знаат сите болни од рак…“: Прво јавно обраќање на кралот Чарлс по дијагнозата за болеста

Кралот Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Кралот Чарлс Трети упати искрена порака за благодарност до нацијата во својата прва јавна изјава откако му беше дијагностициран рак.

Кралот ѝ се заблагодари на британската јавност за „многуте пораки за поддршка и добри желби“ што ги добил откако ја примил вест за неговото лошо здравје.

Чарлс Трети го поминува времето во својата резиденција во Норфолк во Сандрингем откако во вторникот ја напушти Кларенс Хаус во Лондон.

Бакингемската палата претходно објави дека кралот се бори со ракот, но не потврди за кој вид станува збор.

Ова е првпат Чарлс јавно да ја признае дијагнозата.

Ви го пренесуваме писмото во кое кралот Чарлс се обратил до јавноста:

„Би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност за многуте пораки за поддршка и добри желби што ги добив во последните денови. Како што знаат сите заболени од рак, ваквите љубезни мисли се најголема утеха и охрабрување.

Подеднакво е охрабрувачки да се слушне како споделувањето на мојата дијагноза помогна да се подобри разбирањето на јавноста и да се осветли работата на сите оние организации кои ги поддржуваат пациентите со рак и нивните семејства низ Велика Британија и низ целиот свет. Мојот доживотен восхит на нивната неуморна грижа и посветеност со тоа се уште поголеми како резултат на моето лично искуство.

Чарлс Р.“

Кралицата Камила пред неколку дена рече дека нејзиниот сопруг „се однесува исклучително добро под овие околности“.

Говорејќи на специјалната церемонија со која се слави работата на добротворната организација во катедралата во Солсбери во четвртокот вечерта, таа рече: „Тој е многу трогнат од сите писма и пораки кои јавноста ги праќа од сите страни“.

Двојката беше сликана во автомобил како заминува од главниот град за Сандрингам по кратката 45-минутна посета на принцот Хари од САД.

Чарлс е виден како мавта и се смешка на минувачите и покрај лошите вести.

Неговиот најстар син принцот Вилијам претходно изјави дека семејството е „благодарно“ за јавната поддршка што ја добиле во последните недели.

Кралицата Камила за болеста на Чарлс Трети: Кралот се чувствува „исклучително добро“

Кралот Чарлс има рак, од денеска е на лекување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот