Како љубовните партнери може да го решат проблемот со разликата во либидото

Фото: Pexels/ Andrea Piacquadio

Многу парови се соочуваат со проблеми во љубовните врски, бидејќи едниот има поизразено либидо и сака повеќе секс од другиот. Секс-експерите ова до нарекуваат „јаз во либидото“ , а за жал многу среќни парови страдаат од него, пишува „Дејли мејл“.

Сексуалниот терапевт Хелен Мајор, која им помогнала на стотици парови, ги споделува нејзините совети за пребродување на разликата во либидото и повторно разгорување на страста во љубовната врска.

Доволно е да имате секс еднаш или два пати секои две недели

Многу жени претпоставуваат дека нивниот партнер има одредени очекувања во врска со сексот, дури и во долгогодишните врски. Тие чувствуваат дека секој бакнеж или допир создава несакана обврска да продолжат во кревет и затоа, за жал избегнуваат каква било интимност.
Наскоро избегнувањето на допирот станува сеприсутно, а и мажите се повлекуваат. Задржувањето на секаков вид на допир е многу штетно за речиси секоја врска и може да ги остави паровите не само да се чувствуваат изолирани и сами, туку и да не се сигурни како да се вратат еден со друг.
Според експертката Мајор, парнерите постојано треба да се чувствуваат пожелнои да се искажуваат љубов, но сосема доволно е еднаш до два пати неделно да имаат сексуални односи ос кои ќе ги задоволат своите потреби. Во овој случај никој нема да се чувствува запоставено или принудено во однос на интимните моменти.

Запишете ги и споделете ги сексуалните фантазии

Ако се борите со нескладност во интимноста со партнерот, обидете се да комуницирате отворено. Запишете сите интимни работи што сакате да ги правите со него. Автономијата и самодовербата, како и довербата и сигурноста кај парнерите се големи фактори кога се работи за сексот. Запишете ги работите што ви се допаѓаа, не ви се допаѓаат или би сакале да ги пробате.

Вашиот сексуален живот нека биде приоритет

Многу парови се лути и фрустрирани со својот сексуален живот, но често овие чувства се маскирани со нивните големи стравови дека нивната врска нема да трае. Постојат примери на сексуално отфрлање кои често имаат мала врска со самиот секс, но одразуваат како луѓето се чувствуваат за себе. Незадоволството од животот може да се проектира и во врската. Па, затоа секс-експерката советува да ги отргнете мислите од секојдневните проблеми и обврски, да се опуштите и уживате во интимните моменти со парнерот.

Сакајте го вашето тело

Не дозволувајте да ве обземат самокритични мисли за вашето тело. Доколку проектирате негативни ставови за вашето тело, тоа може да се проектира во перцепцијата на вашиот партнер. Создадете здрава слика за вашето тело, сакајте се, затоа што само така ќе ве сакаат и другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот