Како делуваше карантинот на фудбалерите од Премиер лигата, Фирмињо, Канте, Мане непрепознатливи (ФОТО)

EPA-EFE/ANDY RAIN

Најверојатно пред да започнат натпреварите во Премиер лигата, некои фудбалери ќе мора да се потстрижат.

Двомесечниот карантин во Англија го промени имиџот на голем дел од фудбалерите кои настапуваат во Премиер лигата. Со дозволата од британската Влада за започнување на групни тренинзи, фудбалерите се вратија во своите екипи, но добар дел од нив беше тешко да се препознаат.

Фудбалерот на Челси, Нголо Канте кој на натпреварите го гледаме без ниту едно влакно на главата, во тренинг центарот на „сините“ се појави со нов имиџ, и веднаш стана хит во медиумите.


Неговиот пример го следеше и напапачот на Ливерпул, Садио Мане, одлучи дека додека е во карантин, не му е потребно потстрижување.

И неговиот колега од нападот, Роберто Фирмињо, не ја „пипнал“ машинката за потстрижување, исто како и Ешли Јанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот