Како да го избегнеме стресот, а да останеме информирани за коронавирусот: Преземање мерки за претпазливост на основа на релевантни информации

Фото: Профимедиа

Секако дека вестите можат да бидат предизвикувачи на стрес, вели Вучковиќ, но прашањето е како ќе реагираме, пред сѐ дали нашата реакција ќе биде функционална и констурктивна.

Читањето, слушањето и гледањето на вознемирувачки вести за коронавирусот може да предизвика цела низа на чувства на вознемиреност, загриженост, лутина, па дури и паника и стрес. Во време кога светот се соочува со пандемија на коронавирусот, количината на овие информации е голема, па се поставува прашањето – како да се избегне стресот предизвикан од вести кои ни предизвикуваат страв, а во исто време да останеме информирани, пишува српски „Блиц“.

Со епидемијата на коронавирусот, во медиумите и на социјалните мрежи се прошири и „епидемија“ на лажни вести. Иако земјите на Балканот се уште не се едни од најзагрозените, меѓу која и Македонија во која засега има девет заразени со вирусот, општиот впечаток е дека населението во најмала рака е загрижено.

– Тоа до некаде е работа на перцепцијата. Со оглед на движењето на луѓето во денешно време, прашањето колку вирусот ни е „прострно близу“ е дискутабилно. Секогаш има луѓе кои веруваат во она што ќе го слушнат и прочитаат и оние кои се сомневаат. Кој е во право? Би рекла дека вирусите подеднакво се шират како и вестите за нив и можат подеднакво да бидат штетни! Затоа советувам на внимателност – внимавајте со какви вести доаѓате во контакт – нагласува психотерапевтката д-р Маја Вучковиќ.

Докторката Вучковиќ истакнува дека не станува збор само за различни емоционални реакции кои вестите можат да ги предизвикаат, туку и интензитетот на тие реакции кој може да биде различен.

– Постои онаа изрека: „Ситиот и гладниот различно гледаат на парче леб“, па така и нашата перцепција. Доживувањето на различни вести многу зависи од индивидуалните особини, како што се годините, информираноста и некои од загрозените категории, како и од географските, социјалните и културолошките услови. Што повеќе се препознаеме во она што го слушаме, толку подраматична ќе биде реакцијата – вели Вучковиќ за „Блиц“.

Секако дека вестите можат да бидат предизвикувачи на стрес, вели Вучковиќ, но прашањето е како ќе реагираме, пред се дали нашата реакција ќе биде функционална и констурктивна.

– Стресот може да биде акутен – да се појави брзо и одеднаш, и може да биде хроничен – постепено да се појавува и да се одржува подолг период. Би рекла дека денес луѓето помалку или повеќе се во состојба на хроничен стрес кој само се дополнува и интензивира со некоја актуелна ситуација – како што е ова сега со коронавирусот. Нашето тело и нашиот ментален апарат имаат сопособност да ги компензираат стресните реакции до одредена мера, но кога интензитетот и траењето на стресот ќе ги надмине нашите капацитети телесните процеси да ги држиме во состојба на рамнотежа, тоа го компромитира нашиот имун систем и преку низа на различни механизми, доведува до појавување на психосоматски болести. За тие да настапат, потребно е различно време – наведува психотерапевтката.

Нагласува дека пред тоа посојат низа на симптоми и знаци, сигнални сијалички кои се палат, а ние сме склони да ги игнорираме.

– Главно кога ќе забележиме некој проблем, настанатите промени се трајни и непоправливи. Паничниот напад е еден подраматичен израз дека нешто се случува и него главно не го игнорираме. Затоа што не прави нефункционални. Но под него може да се кријат други различни проблеми. Кога ќе се јават телесни реакции како засилено чукање на срцето, потење, чувство дека го губиме здивот, страв дека ќе се задушиме, дека ќе добиеме инфаркт, дека ќе се онесвестиме – тогаш стануваме посериозни. Самиот паничен напад е само надворешна манифестација која има разчични предизвикувачи – истакнува Вучковиќ.

Како да го избегнеме стресот, а да останеме информирани за коронавирусот?

Според зборовите на психотерапевтката, треба да бидеме селективни во тоа што слушаме и од кого, односно да располагаме со што поточни информации од што посигурни и доверливи извори, и критички да им пристапуваме на тие информации.

– Ќе го избегнеме стресот ако не следиме што се случува, но ќе останеме неинформирани. Ако користиме релевантни извори, ќе бидеме добро информирани, но тоа не гарантира дека ќе имаме бурна емотивна реакција. Како лекар и психотерапевт, секогаш сум а тоа дека треба што пореално да ја согледаме ситуацијата, да процениме колку самите сме погодени во тој случај и со сите мерки за претпазливост – да останеме во реален оптимизам – појаснува соговорнчката на „Блиц“.

Вели дека, тоа не значи дека не треба да бидеме несериозни кога станува збор за оваа тема, туку подразбира преземање на мерки за претпазливост на основа на релевантни информации.

Што конкретно треба да правиме?

Кога стресот во однос на коронавирусот не можеме да го исклучиме од нашиот живот, тогаш, вели соговорничката, најдобро е да научиме како да управуваме со него.

– Како психотерапевти, своите клиенти ги учиме на различни техники и стратегии како да станат поотпорни на стрес. Стратегии за тоа како да го промениме својот начин на размислување, усвојување на техники за ефективна комуникација преку техника за длабока муслулна релаксација, до психотерапевтска работа со која се учат способности на емоционална регулација и се постигнува најдлабока и најефикасна контрола на стресот, т.е. нашите реакции на стрес. Денес навистина има огромен дијапазон на техники и начини на конторола на стресот, често и низ примена на технологијата – истакнува доктор Вучковиќ.

Неретко се вели дека стресот е тивкиот убиец во 21 век, меѓутоа многу веруваат дека ќе се навикнат на стресните ситуации и ќе можат нормално да продолжат со животот или пак дека стресот ќе помине сам од себе.

– За жал, и мајката домаќинка, детето на училиште, партнтерите во врска и спортистите на теренот доживуваат стрес. Навикнувањето на стресот е повеќе значи наше игнорирање на стресот. Често клиентите на психотерапија велат: „Навистина тоа е лошо, но јас не реагирам, добро се носам со тоа!“. Тоа често значи дека имаат голем капацитет да управуваат со стресот, дека манифестациите на стрес уште не им се појавиле или едноставно не ги забележуваат. Ние умееме да се лажеме себеси и тоа некогаш да има спротивен ефект. Затоа научете го до препознаете стресот, а потоа и како да се носите со него. Секако, доколку не сте успеале да го избегнете – нагласува соговорничката на „Блиц“.

„Верувам дека доста можеме да влијаеме на степенот на стресот. Да водиме сметка каде престојуваме, со кого се дружиме, што јадеме, што гледаме, слушаме, читаме, каков воздух дишеме, па ќе се исклучиме од високонапонската мережа на стресот. Не е попусто тоа што концептот на едноставен селски живот е се попопуларен“, констатира Вучковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот