Кафе била причината поради која 35-годишен маж од Србија си го уби таткото

Полициски службеник / Фото: Архива

Полицијата во Србија вчера го уапси 35-годишниот Дејан Шатри, кој бил осомничен дека со нож му задал смртни рани на својот 64-годишен татко, пренесува Курир.рс. 

Според пишувањата на споменатиот српски извор, крвавото злосторство се случило поради расправија за кафе.

– Дејан има психички проблеми. Во понеделникот му рекол на татко си дека му се пие кафе и барал да си направи. Агим не му дозволил, бидејќи Дејан пие повеќе пати на ден, па сметал дека било премногу. Поради тоа се расправаа – рекол извор за Курир.рс.

Телото на 64-годишното Агим го пронашла неговота сопруга.

– Ми рече да му направам кафе и ќе ми каже што се случило. Не знаеше да објасни што го изнервирало. Од бомбардирање има проблеми. Се исплаши кога фрлаа бомби. Го носевме кај лекар, пиеше лекови –  рекла таа.

За нејзиниот сопруг таа изјавила дека тој во последните неколку години станал многу насилен.

–  Насилен беше. Се караше и се закануваше. Знаеше и да ме натепа и да ми се заканува дека ќе ме убие. Го пријавив насилството и лежеше в затвор две години. Лани беше пуштен. Инвалид беше, десната нога му беше отсечена, а подоцна и бубрезите му оболеа. Беше страшно нервозен  – изјавила мајката, додавајќи дека Агим не дозволувал таа да работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот