Кадиров: Ја следам ситуацијата во Косово и Србија, но не можам да заземам страна

Рамзан Кадиров / Фото: EPA/ALEXEI DRUZHININ / RIA NOVOSTI / KREMLIN POOL

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров објави на Телеграм дека ја следи ситуацијата во Косово и Србија, за која смета дека е многу сложена ситуација во која има и трета страна. Според него, тоа е НАТО.

„По ова прашање, не е можно да се застане ниту на страната на Србите, ниту на страната на Косовците. Но, постои недвосмислен и единствен став што треба да го заземат и двете страни. Ова не е поврзано со политика, туку со религија“, напиша Кадиров на Телеграм.

Кадиров напиша дека Србија е земја која отворено ја поддржува Русија, како што вели, „во борбата против нацизмот и сатанизмот во Украина“.

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кого добро го познавам, многу добро разбира што е НАТО и какви методи користи за поттикнување конфликти. Целото НАТО се обидува да ги уништи земјите со традиционални вредности. Западните сојузници, сфаќајќи дека нивните планови во Украина пропаѓаат, решија да се борат против зараснувањето на раните на Балканот.

Уште понавредливо е што на едната страна, која НАТО ја поттикнува, се Косовците муслимани. Официјалната причина за конфликтот е толку смешна и банална што нема сомнеж за надворешно мешање. Пред двете страни да имаат време да разговараат за било што, НАТО веќе прогласува борбена готовност и ги повлекува своите сили до границата. Додека Балканот се бори меѓу себе, Западот ќе им дава оружје и ќе живее во мир“, напиша Кадиров.

На крајот од објавата, тој ги повика Србите и косовските Албанци да го тргнат НАТО на страна и да размислуваат за иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот