Кацарска: Пратениците се несериозни, се прашувам дали некому му одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација

Добрила Кацарска претседател на уставен суд / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Односот на пратениците е несериозен, како да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд . Се прашувам дали некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, изјави претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска на новинарско прашање дека и по упатеното писмо од судот до претседателот на Собранието Талат Џафери се уште не е свикана собраниската Комисија за избори и именувања за избор на нови четири уставни судии.

-Единствена надлежност на Уставен суд е да се обрати до Собранието, Уставниот суд во април се обрати дека на тројца судии им престанува мандатот, а во ноември јас го информирав претседателот на Собранието Талат Џафер дека уште на еден судија му престанува мандатот. Упатив писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие судии. Имаме деловничка надлежност да работиме и со пет судии, но тежината на одллуките кои ги носиме е поинаква ако за таа одлука дискутираат 9 судии. Има многу битни предмети за граѓаните и несериозно би било за нив да одлучуваат само 5 судии.  Може да одлучуваме за сите предмети бидејќи за среќа немаме предмет за кој е потребно двотретинско мнозинство, но не е во ред за указите за Преспанскиот договор и Законот за јазиците каде е оспорена уставноста не само на указите туку на законите во целост, несериозно е одлука за нив да донесат само 5 судии – вели Кацарска.

Таа потврди дека во декември истекува уште еден манадт на судија и дека тогаш ќе има целосна блокада на Уставниот суд и со тоа угледот на Македонија ќе биде нарушен и пред меѓународната јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот