Јувентус се соочува со повеќе финансиски проблеми после елиминацијата од ЛШ

Јувентус трета година по ред настапите во ЛШ ги завршува во осминафиналето/ фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите ќе има влијание врз финансиите на клубот. „Ла Гаѕета дело Спорт“ предвидува нова загуба од 200 милиони евра за сезоната 2021-2022.

„Старата дама“ објави загуба од речиси 210 милиони евра за време на сезоната 2020-2021, а изворот известува дека финансиските резултати оваа сезона нема да бидат подобри за „бјанконерите“.

Нивниот пораз од ЛШ против Виљареал ги спречува гигантите од Серија А да заработат околу 15 милиони евра со оглед на паричните награди на УЕФА и ТВ правата.

Јуве заработи околу 84 милиони евра од Лигата на шампионите оваа сезона, 10 милиони евра повеќе отколку во 2020-2021 година под водство на Андреа Пирло, кога „Старата дама“ се соочи со елиминација во истата фаза од натпреварувањето. Поразот од Виљареал ги намали акциите на Јувентус за 9%.

Извештајот појаснува дека Јувентус нема проблеми со ликвидноста по неодамнешната инјекција на готовина од 400 милиони евра, но планот на клубот да стигне до рентабилната точка во следните неколку сезони ќе биде под влијание на елиминацијата од ЛШ. Тоа значи дека единствениот начин да ги зголемат приходите оваа сезона е да продадат дел од нивните играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот