Јунајтед се откажува од Санчо, решението на крилната позиција го најде во Португалија

epa08929049 Dortmund's Jadon Sancho celebrates scoring the opening goal during the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and Borussia Dortmund in Leipzig, Germany, 09 January 2021. EPA-EFE/CLEMENS BILAN CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Манчестер јунајтед најверојатно ќе се откаже од можноста да го донесе поранешниот играч на Сити, Џејдон Санчо. Екипата на Борусија Дортмунд која минатото лето ја одби понудата на Јунајтед, сега ја намали цената која ја бара за англискиот репрезентативец и таа изнесува околу 90 милиони евра, но и таа сума е преголема за „црвените ѓаволи“ бидејќи пандемијата на коронавирусот финансиски го погоди клубот.

Поради тоа, Јунајтед на лето ќе се обиде да донесе уште еден играч на Спортинг Лисабон од каде го купи и Бруно Фернандеш кој е најдобар играч на екипата оваа сезона.
Нова мета на Јунајтед е младиот 22-годишен Педро Гонсалвеш кој исто како и Санчо игра по десната крилна позиција.

EPA-EFE/HOMEM DE GOUVEIA

Гонсалвеш сезонава игра во неверојатна форма, на 21 натпревар во португалската Примеира ток постигна 15 гола и има четири асистенции и е предводник на тимот кој сигурно чекори кон шампионската титула. Спортинг Лисабон за неговите услуги бара 55 милиони евра, а се чини дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат оваа сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот