ЈП „Паркови и зеленило“: Наместо да се сечат 57 дрвја на „Васко Карангелески“ ќе се пресадуваат само 12 дрвја

Наместо да се сечат 57 листопадни дрвја и 30 грмушки, на зеленилото долж улицата Васко Карангелески во Аеродром ќе се пресадуваат само 12 дрвја, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“.

– После реакциите на социјалните мрежи и здружението Зелен хуман град, остварена е средба помеѓу директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Зухејр Реџепи и здружението ЗХГ и во координација со Град Скопје договорено е да се стопираат активностите на ул.Васко Карангелески, оградувајќи се од стариот план каде било планирано да се сечат 57 листопадни дрвја и 30 грмушки. Новиот план е изготвен од страна на ЈП „Паркови и зеленило“, каде според мислењето на стручните лица од Флораком најсоодветно алтернативно решение е пресадувањето на 12 дрвја – стои во објавата на јавното претпријатие.

Според нив, во моментов тековно се заокружува планот на пресадување кој започнал на 1 ноември, со пресадување на шест дрвја и најавуваат дека, дополнително, во престојниот период ќе бидат пресадени уште шест други , со што вкупниот број на пресадени дрвја ќе биде дванаесет.

– Пресадувањето ќе биде на иста локација, каде ЈП „Паркови и зеленило“ ќе го заокружи успешно проектот со крајна цел, заштита на зелената површина на град Скопје. На крајот на проектот, планирано е да се садат и нови дрвја зависно од површината на ова градска зона – велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот