Јовановски: Трипати помалку сме задолжени од Грција и повторно нашиот кредитен рејтинг е понизок

Фото: ТВ21/принтскрин

Потпретседателот на Стопанската комора, Зоран Јовановски, вечерва во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, учествуваше во дебата за состојбите во државниот буџет и за јавниот долг.

Тој вели дека земја со најголем долг во светот во моментов е Јапонија, но нејзиниот кредитен рејтинг е одличен – А+.

„Грција има задолжување од 180% од БДП, значи помал е процентот на задолжување на Грција, а Грција има кредитен рејтинг ББ+. Ние имаме трипати помалку од Грција, 57,1% и нашиот кредитен рејтинг е уште помал. Значи процентот не е пресуден, важно е колкав е капацитетот и каква е перцепцијата на способноста на земјата да го сервисира долгот“, вели Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот