Јануарската плата за Пендаровски и вработените во Кабинетот ќе биде исплатена во наредните денови

Фото: Принтскрин/Претседател.мк

Платата за претседателот Стево Пендаровски и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари ќе биде исплатена во наредните денови, а административните службеници во Кабинетот, согласно Колективниот договор ќе го добијат утврденото покачување од пет проценти, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот, се вели во соопштението.

Со ова решение, додаваат дека целосно се почитува Колективниот договор и потенцираа дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот