Јаневски: Откажувањето на струмичкиот карневал од оваа дистанца беше правилна одлука

-Откажувањето на струмичкиот карневал, што е значајна манифестација за градот, од оваа дистанца се гледа дека беше многу правилна одлука. Струмица се исправи пред една тешка одлука, откажавме значајна манифестација. Оттогаш почна алармот меѓу народот, по што со општинскиот штаб започнавме координативни состаноци со институциите, смета струмичкиот градоначалник Коста Јаневски.

Тој за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека неговата општина врши постојана дезинфекција на улиците и јавните површини, дека заштитни средства има доволно, а изминатиов период, со ретки исклучоци во првиот ден, струмичани се дисциплинирани при придружувањето на мерките на Владата.

-Свеста е значително зголемена, струмичани сериозно и одговорно ја сфаќаат сериозноста. Ние направивме во меѓувреме некои чекори. Ги затворивме сите детски игралишта, од вчера затворена е и трим патека која голем број струмичани ја користат, ги затвораме пазарите, инфомираше градоначалникот.

Во Струмица има околу 170 повратници кои се во самоизолација од нив 10 со решенија, останатите во самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот