ВИДЕО | Јакимовски ја доби битката со синот на Леброн и го водеше Вашингтон до победа

Фото: Washington State

Tимот на македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, Вашингтон Стејт стигна до нова победа во НЦАА лигата, а токму Јакимовски беше еден од најзаслужните.

Во натпреварот против Универзитет Јужна Калифорнија, Јакимовски постигна 18 поени и беше најефикасен во својот тим. За Вашингтон ова беше 22. победа со што ја продолжи битката за врвот со лидерот во Конференцијата, Аризона.

Треба да се спомене дека во тимот на УЦС играше и синот на Леброн Џејмс, Брони кој доби 12 минути на паркетот и постигна само два поени, а направи четири лични грешки, две од нив беа над Јакимовски кој преку него постигна и една тројка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот