Ја напуштаат ли мигрантите балканската маршрута?

Фото: Nicolas Economou/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Бројот на мигрантите на балканската маршрута во јануари годинава бил преполовен во однос на претходниот месец, покажале податоците на Европската унија, а со усогласувањето на земјите од регионот со визниот режим на Унијата, се очекува тој број и понатаму да паѓа, пишува црногорскиот весник „Вијести“.

Весникот се повикува и на изјавата на еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, која пред одборот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент неодамна кажала дека трендот на намалување бил забележан уште во декември, кога бројот на илегални мигранти кои минуваат низ Балканот бил намален за 30 отсто. Јохансон, пак, тврдела дека ова намалување се должи на вонредните мерки воведени од земјите-членки и Европската комисија.

Според податоците на Европската гранична агенција „Фронтекс“, долж балканската рута во 2022 година биле регистрирани 145.600 илегални поминувања кон ЕУ, што е зголемување за 136 отсто во однос на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот