Извештај на ЕК: Имаме волја, но за дела, треба уште работа

Северна Македонија продолжи да одржува мирен тек на имплементација на реформите на Европската Унија во минатата година, нотира извештајот на Европската Комисија.

– „Државата продолжи со фундаментални промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера. Државата продолжи да испорачува опипливи резултати во клучни сегменти кои беа нотирани во заклучоците на Советот, како што е правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, безбедносните служби и јавната администрација“ – се вели во извештајот.

Влада

Владата е пофалена од ЕК со фактот дека при политичките промени ги вклучила сите фактори, вклучивајќи ја опозицијата и граѓанското општество во транспарентна постапка.

Преспа и референдумот

Договорот од Преска во извештајот е со епитет „историски“. За референдумот се вели дека „огромно мнозинство од гласачите го подржаа членството во ЕУ и НАТО со прифаќањето на Договорот од Преспа“.

Претседателски избори

Фундаменталните слободи при организирање на Претседателските избори, според ЕК, биле почитувани и тоа овозможило граѓаните информирано да донесат одлука за кандидатите.

Парламент

Македонското Собрание, во извештајот се вели, дека станало форум за конструктивен политички дијалог и ги зголемило своите надзорни и законодавни функции, вклучително и со ограничување на брзата постапка за донесување на закони.

Меѓуетнички односи

Освен неколку повремени тензии, меѓуетничката ситуација останала мирна и Владата, според ЕК, Владата се посветила за зголемување на довербата помеѓу заедниците.

Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, при неговото обраќање после проследувањето на прес-конференцијата во Брисел, изјави дека со новиот Закон за употреба на јазиците, се заокружува Рамковниот договор.

Невладин сектор

– „Климата во која невладините организации оперираат, продолжува да се подобрува. Цивилното општество продолжува да има конструктивна улога во подржување на демократските процеси“ – стои во извештајот.

ЕК препорачува владиниот и невладиниот сектор да се стремат да направат процес на консултации помеѓу себе.

Безбедносни служби

Реформите во тајните служби, Европската Комисија ги оценува како добар напредок.

– „После реформите на системот за пресретнување на комуникациите, новата Оперативно Техничка Агенција е целосно функционална. Државата исто така, одбра модел за реформа на тајните служби, во соработка со НАТО и останатите партнери“ – пишува ЕК.

Јавна администрација

Во Јавна администрација Комисијата нотира прогрес, посебно во имплементацијата на стратешката рамка за реформи во администрацијата, подобрената консултација со јавноста и зголемената транспарентност за планираните реформи.

– „Чекори беа преземени и за адресирање на наводни политички именувања. Сепак, подлабоки напори се потребни за одговорност на администрацијата и превенција на политизацијата“ – стои во извештајот.

Правосудство

Во правосудството бил постигнат само некое ниво на подготовка и добар прогрес бил направен во адресирањето на Интите реформски приоритети и препораки од Венецијанската комисија.

Европската Комисија видела дека Северна Македомија демонстрира и волја за унапредување на судскиот систем и имплементација на нова законска рамка, што за нив, значи добра основа за понатамошен прогрес.

Исто така, ЕК во својот извештај вели дека нов закон со кој Специјалното Јавно обвинителство ќе се интегрира со Основното Јавно Обвинителство.

– „Освен законските измени, сите правосудни институции треба да демонстрираат примерност и допринесат преку дополнително напори за враќање на јавната доверба во правосудството“ – се вели во извештајот.

Борба против корупцијата и организираниот криминал

– „Изборот на новите членови на Државната комисија за спречување на корупција е направен многу потранспарентно отколку минатите години“ – стои во извештајот.

Исо така, новата Антикорупциска е пофалена од Комисијата дека е далеку потранспарентна отколку претходната, но е нотирано дека СЈО претставува лидер во истражувањето и процесирањето на висока корупција.

Законската рамка за борба против организираниот криминал била во согласност со европските стандарди. Минатите години бил направен прогрес.

Слобода на медиуми

Според ЕК, слободата на медиумите се зголемила во последната година.

– „Важно е дека функционерите и политичката елита демонстрира високо ниво на толеранција на критики“ – се вели во извештајот.

Односи со соседите

Европската Комисија не пофали дека сме одржале добри односи со соседите и посебно сме биле активни во регионалните иницијативи.

Од ЕУ очекуваат имплементација на билатералниот договор со Бугарија.

Економија

Економскиот раст, после неколку години стагнација, забележал раст, стои во извештајот на Комисијата.

Владата е пофалена дека преземала чекори за подобрување на менаџирањето со државните пари и транспарентноста.

– „Северна Македонија направи некој прогрес и е умерено спремна да се справи со компетитивниот притисок и силите на пазарот во Европската Унија“ – стои во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот