Изрешетан автомобил во Топанско Поле-застрелани две лица

Полиција/ фото МВР

Двајца се убиени ноќеска во населбата Топанско Поле во Скопје. Жртви се Африм Бериша (28) и Бурим Вардари (24). Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство. Двојното убиство се случило ноќеска околу 3 часот, на улица „Македонско-косовска бригада“, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Од полицијата велат дека добиле пријава во 2:35 часот за пукање на бул. „Македонско – Косовска бригада“.

– По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица, велат од МВР.

Утврдено е дека убиените се двајца скопјани. Полициските екипи на местото на двојното убиство пронашле чаури од пиштол и автоматска пушка.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.Две лица се убиени рано утринава, околу 03:00 часот  на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле во Скопје, а од МВР го потврдија случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот