Изречени се 162 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Полицијата вчера изрекла 162 сообраќајни прекршоци во Скопје.

Како што информираат од МВР, од нив пет санкции биле за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет за користење мобилен телефон при возење и 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, посочуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот