Израелскиот парламент ги ограничи протестите за време на карантин

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

 Израелскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се овозможи владата да ги ограничи јавните протести за време на карантин во целата земја, мерка што предизвика жестоко противење претходниот ден.

Законот дозволува владата да прогласи посебна вонредна состојба за една недела доколку коронавирусот се шири неконтролирано. Во тој случај, за време на карантинот граѓаните ќе можат да учествуваат на протестите, кои се оддалечени најмногу еден километар од нивните домови.

На тој начин, луѓето од оддалечените делови на градот и подрачја надвор од градот ќе бидат спречени да дојдат на протестите против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кои се одржуваат повеќе од четири месеци во Западен Ерусалим.

Кнесетот го донесе законот со 46 гласа „за” и 38 против во раните утрински часови по долга дебата.

Демонстрантите бараат оставка од Нетанјаху во врска со обвинувањата за корупција и сметаат дека владата не одговорила соодветно на појавата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот