Израел продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Израел продолжи со воздушни напади врз Појасот Газа денеска само неколку часа по бранот напади во кои загинаа повеќе од 15 луѓе, вклучително и висок милитант, соопштија војската и палестинските очевидци. „Израелската војска продолжува да ги гаѓа воените цели на палестински Исламски џихад низ Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Палестински сведоци изјавија дека биле извршени повеќе напади, вклучително и еден источно од градот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска нареди распоредување до 25 000 резервисти поради тековната воена операција во Појасот Газа, соопшти прес-службата на министерот.

„Врз основа на проценката на безбедносната ситуација, одлучено е да се ангажираат до 25 000 резервни борци за засилување на силите на Јужната команда, воздушната одбрана, борбените единици и командно-контролниот штаб”, се вели во соопштението. Претходно израелската армија објави дека ја спроведува операцијата „Зора“ против групата Исламски џихад во Појасот Газа.

Палестинското Министерство за здравство претходно информираше дека во денешниот напад бил убиен и командантот на Исламскиот џихад во Газа Таисир ал Џабари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот